Рангелова ја искара Шекеринска: Културата се учи додека сте млада

by fokus

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, на денешното продолжение на конститутивната седница „ја искара“ Радмила Шекеринска од СДСМ и и порача дека културата се учела уште во основно училиште. Оваа реакција следуваше откако Шекеринска и рече на Рангелова дека на пратениците треба да им се обраќа со презиме, а не со име.

-Госпоѓо Шекеринска вие немате општа култура, таа се учи додека сте млада, во основно образование. Хипокризија е да зборувате за нешто што го немате осетено, вашите деца на пример учат во приватни училишта, рече Рангелова.

Инаку, Даниела Рангелова е обвинета во случајот со насилството и вандализмот пред општина Центар.

 

Поврзани новости