Мелија: Не ми е сосема јасно кое е кривичното дело во „Пуч“

by Фокус 18:59
18:59

Томас Мелија, помошник- заменик секратар во Бирото за демократија и човекови права во Вашингтон, во интервју за БИРН истакнува дека за стабилност и напредок на Македонија потребно е институциите независно да работат и да се почитуваат правата на поединците.

-Се надеваме дека македонските власти ќе донесат добри одлуки за тоа како да се зајакнат институциите на младата демократија што владее во Македонија и ќе се спроведе сериозна истрага за наводните или потенцијални кривични дела,- вели Мелија.

- Advertising -

Тој се надева дека во случајот „Пуч“ ќе се почитува принципот на владеење на правото и посочува дека ќе биде мудро Македонија да не ги игнорира сигналите на загриженост кои доаѓаат од организациите за човекови права.

-Не ми е сосема јасно кое е стореното кривично дело или делото што наводно ќе се сторело од страна на опозициониот лидер. Да зборуваме прво за доказите, а потоа за обвинувањата, доколку се неопходни, па ќе видиме дали институциите функционираат како што треба,- изјави за БИРН американскиот функционер.

Мелија вели дека по новиот извештај за човекови права, кој Владата на САД наскоро ќе го објави, ќе биде повеќе од јасно како Америка гледа на случувањата во Македонија.

Поврзани новости