Мекрел: Можно е 70 проценти од населението да се инфицира со корона!

by Fokus

Германската канцеларка, Ангела Меркел, даде мрачни прогнози пред парламентот проценувајќи дека 60-70 проценти од германското население би можело во одреден момент да заболи од корона вирус, пренесува „Билд“.

Како што се наведува во весникот, Меркел соопштила дека во Германија би можело да дојде до дополнително одложување на некои настани и собири, во зависност од размерот на проширување на болеста.

„Билд“ напоменува дека Меркел не повикала на брзо воведување на какви било мерки, ниту пак, прецизирала со што би можела нацијата да се соочи поради проширување на болеста.

Во Германија досега се потврдени 1.400 случаи на корона вирус, а починаа двајца.

Поврзани новости