Тереза Меј е горда што во последните 25 години е првиот премиер од Велика Британија што ја посетил Македонија

by fokus

Британската премиерка Тереза Меј на денешната прес-конференција во владата заедно со премиерот Зоран Заев истакна дека е горда што е прв премиер од Велика Британија што во последните 25 години ја посетил Македонија.

„Ти благодарам Зоран на топлото добредојде и горда сум што во последните 25 години сум првиот премиер што ја посетил Македонија. Можеме да видите што се случи по парламентарните избори, се случија големи промени и Македонија се отвори кон другите држави. Може да сметате на нашата поддршка. Вашата земја премиере е интегрален дел од Европа. Нашето пријателство ќе јакне и понатаму, иако повеќе не сме членка на Европската унија. Ви посакувам топло добредојде на Самитот – истакна Меј.

Поврзани новости