Мехмети: Потребeни му се промени на Рамковниот договор!

by Фокус

Пратеничката од редовите на ДУИ, Ермира Мехмети, на денешната расправа за Дејтонскиот договор која Советот на Европа ја организира во парламентот на БИХ, правејќи споредба со Рамквниот договор, рече дека на договорото потпишан во Охрид во 2001 година му треба ревизија.

– Дојде време да направиме преглед на овие договори, бидејќи нашите општества се сменија и ги немааат истите оние недостатоци од времето кога се донесени. Верувам дека промените треба да одат во насока на барањата и на очекувањата на граѓаните, како и во насока на унапредување на демократките стандарди и на мултиетничкиот карактер на нашите земји – изјавила Мехмети.

Поврзани новости