Заев: Заедно ќе ја добиеме битката за Македонија

by Фокус

Во оваа битка за подобра Македонија вие ми требате, заедно да ја водиме, за доброто на сите наши граѓани. Вашата поддршка ми дава сила. Заедно ќе победиме. Во 21 граѓаните на Тетово се соочуваат со недостаток на вода. Но, не е само тоа, огромна загаденост, лоша инфраструктура, сообраќаен и урбанистички хаос, запуштени спортски терени, депонијата. Голем дел од овие проблеми се решаваат со неколу споменици помалку, им порача вчера на тетовци, лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој нагласи дека активно опозицијата влегла во Собрание.

– Ги видовте пратениците како се борат за граѓаните. И ќе продолжат да се борат. Секоја трета недела ќе предлагаме сериозни закони за подобар живот на граѓаните. Знам дека и кога ќе го победиме Груевски нови проблеми се отвораат, поради урнатата економија и големата задолженост. Да бидеме заедно како народ, оваа битка заедно да ја туркаме. Јас сум поготвен да ја туркам до крај заедно со вас, за доброто на сите граѓани – истакна Заев.

Освен Тетово, Заев ги посети и селото Урвич, општина Боговиње.

 

Поврзани новости