Меѓуресорска работна група во Владата ќе ги разгледува понудите за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10

by irena 13:57
13:57

Меѓуресорската работна група во Владата ќе ги разгледува доставените податоци од меѓународните финансиски институции и комерцијални банки за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10

Oд Министерството за финансии информираат дека одлуката да се формира Меѓуресорска работна група е донесена на вчерашната затворена владина седница откако е разгледана информација во однос доставените податоци од страна на меѓународните финансиски институции и комерцијални банки.

На 9 јули Министерството за финансии соопшти дека 16. меѓународни финансиски институции и комерцијални банки се заинтересирани за финансирање на изградбата на брзата пруга од Коридорот 10.

„На нашето барање одговорија 16. меѓународни финансиски институции и комерцијални банки, меѓу кои, Светска банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Италијанската развојна банка, јапонската МУФГ, бротанската ‘Стандард чартерд‘, Банка на Америка, ‘Ерсте банк‘, ‘Сосиете женерал‘, Дојче банка, ‘ЏП Морган’, ‘Сити банк‘, ‘Уни кредит‘, ‘Каргил’ и НЛБ и ‘Рајфазен банка’“, соопштија од МФ.

Како што информираат од ресорното министерство, содржината на документацијата што е доставена од меѓународните финансиски институции и комерцијални банки е со назнака доверлива (confidential).

Слични вести