Дарко Јакимовски и Владимир Милошески избрани за виши обвинители

by valentina 14:05
14:05

Обвинителите Дарко Јакимовски и Владимир Милошески, кои досега беа дел од скопското обвинителство, денеска беа избрани за обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.

За овие две позиции имаше вкупно девет кандидати. Покрај избраните Јакимовски и Милошески, за изборот се кандидираа обвинителите Александар Маркоски, Марија Ѓоргева, Сања Бурјакоска Китановска, Зоран Маркоски, Љубомир Лапе, Јасмина Костеска Здравеска и Спасенка Андонова.

Обвинителот Јакимовски е познат во јавноста како обвинителот што го водеше случајот за автобуската несреќа кај Ласкарци, а Милошески, пак, го застапуваше обвинението во ,,Беса транс” и „Поткуп“. Двајцата обвинители беа ангажирани и за истрагата за несреќата што се случи во дискотеката ,,Пулс” во Кочани.

Слични вести