Меѓународните новинарски организации побараа да се преиспита случајот Кежаровски

by Фокус

Запирање на сите притисоци и неприфатливи ограничувања на независните и критички настроените медиуми. Преиспитување на сите дејствија преземени против новинари и понуда на компензација на жртвите на несооодветениот и неправеден однос. Ова се однесува и на затворањето на неколку медиуми и на судската постапка против Томислав Кежаровски. Ова е една од препораките за медиумска реформа и независно новинарство во Македонија кој произлезе од средбата на Меѓунарoдната федерација на новинари (МФН), Европската федерација на новинарите (ЕФН), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Организиациите се состанаа денеска во Скопје, а средбата продолжува и утре.

Покрај оваа препорака од собирот се побара и целосна транспарентност на владините медиумски кампањи со јасен јавен интерес заснован врз објективни критериуми, бидејќи Владата е еден од главните рекламери во приватните медиуми. Понатаму новинарските организации побараа државата да ја гарантира непристрасноста на регулаторното тело за медиуми и да го заштити од партиски и економски влијанија, како институционална и финансиска независност на јавниот радиодифузен сервис.

Новинарските асоцијации побарра непристрасност на судовите и преиспитување на судските одлуки во согласност со меѓународните стандарди и пракси;

– Обучување на судии за соодветна примена на Законот за клевета и навреда во согласност со меѓународните стандарди и пракси; гарантирање дека државните и партиски функционери ќе се воздржат од тужби против иистражувачките новинари и медиуми заради откривање на информации од јавен интерес – се вели во заедничката изјава на трите организации.

Во рамките на дводневната конференција вечерва со почеток во 19.30 во Клубот на новинарите во Скопје ќе биде организирана Вечер на солидарност со колегата Томислав Кежаровски.

Поврзани новости