Меѓународна кризна група предупредува на влошување на состојбите во Македонија

by Фокус

Меѓународната кризна група (ИЦГ) на својата најнова листа ја стави Македонија во групата на меѓу земји каде состојбата се влошува.

Македонија е во друштво со Авганистан, Бангладеш, Гамбија, Ирак, Нагорно-Карабах (Азербејџан), Република Конго и Сирија, земји кои постојано се на раб на некаков конфликт.

Главна причина за ставањето на Македонија на оваа неславна листа е политичката криза која кулминираше со најавата за бојкот на изборите од страна на опозицијата и аболицијата од страна на претседателот Иванов. Во извештајот е поместена и смртта на Коста Крпач, кој беше најден дома со прострелна рана во градите.

Тука е и веќе постојаната состојба со слободата на медиумите.

Поврзани новости