Андријана Јаневска би пеела и за „Шарена револуција“?

by Фокус

Поп пејачката и прва виолина во МОБ, Андријана Јаневска е разочарана од моменталната политичка состојба во земјава која што и приликувала на шаховска партија во која што играат црни и бели фигури. Апелира до јавноста да не се заборави дека на крајот на денот, кога играта ќе заврши, сите фигури ќе се вратат во истата кутија, и пионот и кралот. Иако пред околу две недели на протестот на ГДОМ ја испеа македонската химна, таа одби да даде конкретен одговор на прашањето што мисли околу тоа што многу наши пејачи пејат на разни политички митинзи, и дали тоа го прават поради висок хонорар или пак од идеолошки причини.

,,Не зaбoрaвaјте декa јaс сум сaмo музичaр, a нa секoј музичaр му е чест дa јa изведе химнaтa нa свoјaтa земјa. Дoсегa јa имaм пеенo мнoгупaти и ниту еднaш не се случилo некoј дa ме покани и дa гo oдбијaм, посебно кога се работи за нашата химна. Имам пеено за сите партии, но тоа намерно не сакам да го кажам, бидејќи не сакам да спомнувам партии,, – ни изјави Јаневска, при тоа повторно дипломатски избегнувајќи го одговорот на нашето потпрашање ,,Дали тоа значи дека би пеела и на протест на Шарената револуција, доколку ја поканат?,,.

andrijana janevska3,,Не сакам да завземам страни, не сакам гнев, не сакам раздор. Додека сеуште имаме време, додека можеме, мораме да се освестиме и да сфатиме дека единствен спас ни е сплотеноста! Не можеме да имаме негативен ум, а убав живот. Се што презираме и она на што остро реагираме кај другите, истото се наоѓа и во нас. Се обидувам да живеам со мислата на Меша Селимовиќ: Кога животот ќе ти создаде 1000 причини за плачење, покажи му дека имаш 1000 причини за насмевка. Ништо не е само по себе ниту добро, ниту лошо. Се‘ зависи од тоа што ние мислиме за тоа. Велиме, лоши времиња дојдоа… Не се лоши времињата, туку човекот. Сите ние се однесуваме како да ќе живееме бесконечно долго. Има ли смисла? Која е поентата? Моменталнава состојба наликува на шаховска партија каде играат бели и црни. Но, не смееме да заборавиме дека на крајот, кога играта ќе заврши, сите фигури ќе се вратат во истата кутија: и пионот, и кралот,, – вели Јаневска. Околу гласините дека нејзините колеги најчесто избегнуваат да го искажат своето мислење околу политичките настани, од страв дека нема да добијат владини субвенции за своите песни, таа е категорична дека не се плаши и никому не полага сметки за своите размислувања и ставови.

,, Јас не сум член на ниту една политичка партија и затоа немам кому да се правдам ниту да му полагам сметки. За да работам како прва виолина во МОБ, сум завршила соодветно образование и сум полагала аудиција пред комисија како и сите останати колеги. Во мојата 18 годишна кариера на естрадата, немам ниту една црна дамка и верувам дека така ќе остане. Така ги воспитувам и моите деца: она што засекогаш ќе остане и никој не може да ни го одземе е нашето знаење. Среќна сум што живеам за музиката и од музиката,, – раскажува Андријана додавајќи дека жали што е сведок на една ситуација каде уметниците меѓусебно се навредуваат и се пишуваат погрдни зборови на социјалните мрежи поради различните политички убедувања.

,, Ретко се каеме што сме зборувале премалку, а често што сме зборувале премногу. Разликите меѓу луѓето раѓаат омраза. Проблемот е во тоа што сите ние имаме некакви очекувања од другите, а потоа остануваме разочарани. Затоа , мораме мирот да го бараме во себеси. Дувнеме ли во искра, ќе се распламти. Плукнеме ли, ќе се угаси. И двете излегуваат од нашите усти! Изборот е наш. Човекот е роден слободен, а секаде е во синџири. А за да бидеш слободен не е потребно да ги тргнеш синџирите од своето тело, туку да живееш на начин кој ја почитува и прифаќа слободата на другите! Човечкиот род се одржува со правење добри дела и со слога. Тоа е она кое ни е неопходно! ,, – изјави Јаневска.

Поврзани новости