Протест: Синдикатите се освоени од власта, а работничките права се погазени

by Фокус

Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за работнички права протестираа вечерва против погазувањето на правата и достоинството на работниците.

Синдикатите се потчинети и се освоени од власта, беше речено на протестот кој почна пред Домот на градежниците, а потоа демонстрантите се упатија кон Собранието, каде ги повторија своите барања. Протестот заврши пред седиштето на ССМ.

Потиписниците на повелбата побараа донесување нов Закон за работни односи кој што ќе овозможи вистинска заштита за работниците во приватниот и во јавниот сектор преку ослободување на правото на штрајк, итно изедначување на минималната плата на вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија со сите останати категории работници, промени во Законот за безбедност и здравје при работа со кои здравјето на работниците ќе се стави како приоритетен аспект на работниот однос, повлекување на Законот за административните службеници и на Законот за вработените во јавниот сектор, два закони што го киднапираа достоинството на вработените во јавниот сектор; – со повлекувањето на горенаведените закони, бараме враќање на Законот за државните службеници со оригиналниот текст од 2000 гoдина, повлекување на Законот за културата и отпочнување преговори за потпишување на Колективен договор за вработените во културата.

Фото: НоваТВ

Поврзани новости