Меган Маркл во Тексас им оддаде почит на жртвите во масакрот

by fokus

Меган Маркл, без сопругот принцот Хари, ненадејно дојде во Тексас каде беше извршен масакр во основно училиште за да му оддаде почит на трагично загинатите ученици и учители.

Сопругата на принцот Хари, актерката Меган во Тексас пристигна во придружба на нејзиниот телохранител Алберто Алварез, кој некогаш го штитеше кралот на поп музиката славниот Мајкл Џексон.

Таа пристигна на место каде властите подигнаа крстови во чест на секое убиено дете и учител. Таму Меган остави цвеќе и им оддаде почит на сите починати.

Поврзани новости