Стивен Тајлер се пријавил за лекување од зависности

by fokus

Рок бендот Аеросмит откажа дел од закажаните настапи во Лас Вегас, откако фронтменот Стивен Тајлер повторно се пријави за лекување од зависност.

Според Би-Би-Си, Тајлер, кој е „чист“ повеќе од една деценија, повторно западнал во неволја откако земал лекови против болки поради операција на стапалото.

Пејачот (74) доброволно се пријавил на лекување, за да се посвети на здравјето и закрепнувањето, се вели во соопштението на бендот.

Аеросмит требаше да почне со свирки на 17 јуни.

Сега сите концерти закажани за јуни и јули се откажани, а бендот нагласи дека концертите треба да продолжат во септември.

Поврзани новости