Курти: Проблемите на Балканот доаѓаат од Белград и неговата поврзаност со Русија

by fokus

Балканскиот регион е загрозен единствено од Белград, „а сега и од неговите тесни врски … со Руската Федерација и нејзината неоправдана, незаконита и неиспровоцирана агресија врз Украина“, изјави косовскиот премиер Албин Курти по неговите средби со официјалните лица за време на престојот во Соединетите Американски Држави.

Во краткото обраќање пред новинарите по 20-дневниот престој во САД и подоцнешното учество на Економскиот форум во Давос, Швајцарија, косовскиот премиер рече дека неговите средби со американски бизнисмени и официјални лица биле во функција на привлекување инвестиции во Косово и на безбедноста на државата.

Тој информира дека во САД побарал поддршка за зачленување на неговата држава во Советот на Европа, како и во програмата „Партнерство за мир“, како „прв и мошне значаен чекор за зачленување во НАТО“.

Во врска со косовско-српскиот дијалог за нормализирање на односите меѓу двете држави, Курти рече дека, за да се постигне напредок во тој правец потребно е „Белград да се промени“ за да се дојде до конечно решение со меѓуебно признавање на двете држави.

Поврзани новости