Медведев: Буџетот на Русија за 2026 година е „воен буџет“

by irena 20:05
20:05

Лидерот на партијата „Единствена Русија“ и заменик-шеф на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, денес изјави дека федералниот буџет на Русија сè уште има карактер на буџет во време на војна.

„Буџетот никогаш не е едноставен, а сега, да бидеме искрени, тоа е воен буџет“, рече Медведев, говорејќи на состанокот со пратениците на „Единствена Русија“ за подготовката на нацрт-буџетот за следната година, пренесува ТАСС.

Медведев оцени дека решавањето на поставените задачи во социјалната и другите сфери бара „избалансирани решенија што ги земаат предвид буџетските можности“.

Слични вести