„Бараме оставка од министерот Тошковски”, порачаа блиските на жртвите од Кочани

by irena 20:30
20:30

Денеска на протест во Кочани, блиските на жртвите побараа оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Претседателот Христијан Мицкоски поради несовесното работење.

„Министре, сега сакаме оставка од вас, на лагите и се секогаш кратки нозете. После ова, ако не си дадете оставка ние ќе дојдеме лично во Скопје, оти вие не заслужувате да ја водите нашата држава“, порачаа блиските на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кои бараат одговорност за сите коишто со своето молчење учествувале во ова злосторство.

„Велите дека нашите деца се безбедни, а секој ден има смртни случаеви, секој ден има пожари, има убиства. Вие не сте за таа позиција, бараме од вас да си дадете оставка. 6 месеци ние не добимве никаков одговор од вас, сакаме оставка од вас и од премиерот на државата“, рекоа тие.

Роднините и пријателите на настраданите порачаа дека не е доволно да се казнат неколку менаџери, дека одговорноста е и на оние кои дозволиле да работи овој објект како дискотека.

Слични вести