Вишото јавно обвинителство во Белград апелира до медиумите да не ги објавуваат фотографиите и имињата на жртвите во масовното убиство што се случи на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“.
Обвинителството ги повикува медиумите да се воздржат од објавување непроверени информации и шпекулации, бидејќи тоа не само што и штети на истрагата, туку и длабоко ги повредува чувствата на семејствата на жртвите.
„Во овој момент, многу е важно секој од нас да покаже дополнителна одговорност за трагедијата што го погоди нашето општество и токму затоа бараме од медиумите внимателно да ја проверат секоја информација пред да ја објават и со посебна грижа да известуваат“, стои во соопштението на Обвинителството, пренесоа српските медиуми.
Обвинителството навремено ќе ја информира јавноста за преземените дејствија согласно законот.
„Исто така, напоменуваме дека Вишото јавно обвинителство во Белград ја презема преткривичната постапка од Првото основно јавно обвинителство против М.К., мајка на тринаесет годишното момче кое во мај уби осум ученици и еден чувар, а повреди наставник и уште шест ученици, од кои едното девојче во меѓувреме почина. Случајот се презема заради концентрација на докази, бидејќи во Вишото јавно обвинителство во Белград веќе се води кривична постапка против таткото на момчето В.К.“, соопшти Обвинителството.
Од Обвинителството соопштија дека предкривичната постапка против мајката се води за да се утврди дали во нејзиното дејствие се содржани елементите на кривичното дело запуштање и малтретирање малолетно лице.
„За таткото се води истрага за кривично дело Тешко дело против општата безбедност. а ќе се испита и дали со неговото дејствие може да се стекнат елементи на кривичното дело Запуштање и злоупотреба на малолетно лице“, соопшти Вишто јавно обвинителство.