Полицијата вчера казнила 166 возачи за брзо возење

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден  Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, соопшти МВР.

„При тоа санкционирани се 166 возачи. Од нив, десет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Со контролата утврдено е дека  106 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 60 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.

Поврзани новости