Историчарот Светозаревиќ до бугарските новинари: Зборувате македонски јазик со додадени руски зборови

by Fokus

Историчарот Бранислав Светозаревиќ вчера во Пустец во Албанија одговарајќи на прашања на бугарските новинари им кажа дека во 21-от век тие не признаваат цел еден народ.

„300.000 Maкедонци не се во бугарскиот Устав. Дали ви е познато дека во пописот од 1956 година во Бугарија имало 180.000 Македонци во Пиринска Македонија. Дали во вашите учебници се учи некаде дека постои македонски народ“, ги праша Светозаревиќ бугарските новинари.

Тој на бугарските новинари им објаснуваше зошто Македонците се против внесување на Бугарите во Уставот и рече дека Бугарија треба да го признае македонскиот народ и да сфати дека постојат три три милиони Македонци во светот.

„Вие го злоупотребувате ветото. Вие зборувате македонски јазик со додадени руски зборови“, рече Светозаревиќ.

Поврзани новости