Лаура Алонсо од Баскија ја однела својата двегодишна ќерка во Здравствениот дом во Сантурчи, да прими вакцина против варичела. Но, медицинската сестра која требало да ја вбризга вакцинаната, извадила од ладниот ланец бистра течност и ја ставила во рамото на детето. Мајката се посомневала дека нешто не е во ред, пишува Euronews.
Медицинската сестра ставила уште десетина вакцини со толкава брзина, што на оваа мајка тоа не и изгледало нормално и дополнително и се зголемил сомнежот.
„Беше невозможно да се администрираат вакцини со таа брзина, немаше време да се внесе дозата“, вели Алонсо, кој пак исто така работи како медицинска сестра.
Месеци подоцна, таа добила повик од Осакидеца, баскиската здравствена служба. По поплаките од неколку родители, тие решиле да направат студија за да го проверат степенот на имунитет на децата кои биле вакцинирани на клиниката.
Тестирани се околу 50 деца кои имале термини во центарот, а ги поделиле во две групи кои примиле вакцина од истата медицинска сестра. Откриено е дека децата немаат имунитет од наводната вакцина. Меѓу овие деца е и ќерката на Алонсо, кој всушност не била соодветно имунизирана.
Медицинската сестра засега е суспендирана, а истрагата е проширена на уште 400 деца.