Со одговорност кажувам дека внатре во Државната изборна комисија, повеќе од 3000 гласачи од дијаспората од Европа се избришани од избирачкиот список на скандалозен начин во најкомпетентната институција за организирање на изборите, и за ова некој ќе сноси одговорност, вели градоначалникот на Чаир и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити за „Цивил“.
– Внатре во Државната изборна комисија има фалсификување . Повеќе од 3000 гласачи од дијаспората се избришани од избирачкиот список. Ова создаде хаос и револт и негативна енергија во дијаспората и затоа не победи албанскиот кандитат во Европа. Во Америка и во Австралија имаше нерегуларности, но тие не беа одлучувачки за победата на кандидатите. И таму имаше случаи кога некој од Вашингтон требал да гласа во Њујорк, и обратно – изјавил Меџити.