Груевски: Заев ќе скокне метар во вис ако ја изгубиме препораката за преговори

by Фокус

СДСМ изгледа како возило пуштено во удолница без водач. Дејствуваат по инерција и главната стратегија им е да направат што е можно повеќе штета на Македонија, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

– Шансата на ваков начин да се загуби препораката од Европската унија е огромна. Мислам дека најсреќен човек во тој момент ќе биде Зоран Заев и ќе скока по еден метар во висина ако дознае дека Македонија ја загубила препораката. Граѓаните тоа го препознаваат, го препознаа и во минатото, а го препознаваат и сега. Тоа не е стратегија, тоа е деструктивна политика што ја водеше Бранко Црвенковски, а сега ја продолжува Зоран Заев – додаде Груевски

Поврзани новости