Меџити: ВМРО-ДПМНЕ прифати двојазичност, казни и многу повеќе

by fokus 12:41
12:41

Потпретседател на ДУИ, Изет Меџити во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат М вчера изјави дека ВМРО–ДПМНЕ прифатиле и повеќе од тоа што првично се барало од страна на албанските партии, освен СЈО.

-ВМРО-ДПМНЕ прифати и двојазичност и казни за директорите на институции каде нема да се зборува албански. Се прифатија, само за СЈО не сакаа да слушнат! Затоа не ни успеа коалицијата со нив! И за ова имаме писмени докази, рече Меџити.

- Advertisements -

 

 

Поврзани новости