Со молотови коктели врз Музејот на албанската азбука

by fokus

Утринава со молотови коктели бил нападнат Музејот на албанската азбука во Битола – пренесува ТВ Орбис.

Покрај тоа што биле искршени неколку прозорци и стаклото на влезната врата, на фасадата на објектот биле испишани погрдни пораки.

Местото било обезбедено од полицијата и се очекувало екипа на СВР Битола да излезе на увид.

Од СВР Битола сеуште не потврдуваат дали имаат информација кој го извршил немилиот нестан.

ФОТО: ТВ Орбис

Вики Клинчарова

Поврзани новости