Ирена Мулачка од Фокус добитник на третата нагрaда „Никола Младенов“

by fokus

Новинарката на „Фокус“, Ирена Мулачка, го освои третото место на конкурсот за истражувачки стории „Никола Младенов“ во организација на Македонскиот институт за медиуми.

Наградата е за сторијата со скандалот на скопска гинекологија откако лекари вработени на Клиниката споделија со јавноста дека 80-тина новороденчиња починале за шест месеци во болницата.

Првото место го освои „Код“ за сторијата за смртта на Коста Крпач, а второ место новинарот Зоран Јовановски од емисијата „360“.

Новинарката на Фокус Стојанка Митреска, доби пофалница за истакнат новинарски ангажман во истражувачка приказна за промашена инвестиција во Светиниколско. Пофалница доби и Владо Апостолов од БИРН.

Поврзани новости