46
Синоќа во емисијата Клик Плус на ТВ21, лидерот на Демократското движење Изет Меџити изјави дека неговите поранешни сопартијци Бујар Османи и Артан Груби изградиле диви или нелегални објекти и истите подоцна ги легализирале.
-Кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, и јас како градоначалник му ја легализирав нему како и на многу други граѓани, па наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за квадрат, тој платил 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво – рече Меџити.
Тој додаде дека Груби и неговите браќа имаат изградено доградба на станови во Чаир, односно, како што рече, речиси половина зграда на диво ја изградиле и истата е легализирана.