553
Во вечерашното гостување на телевизија Алсат, потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити на прашањето за Артан Груби, рече дека тој е многу оптеретен: како партиски секретар, вицепремиер и слично, затоа, според него, стои и нивната забелешка.
-Кој и да е, не само Артан Груби, туку никој не може да биде и организациски секретар и вицепремиер, компетентен за проекти, за концерти, за медиуми, тоа е апсурдно, рече Меџити.
Во однос на интерпелацијата како метод, тој рече дека тоа е демократски метод, кој во принцип треба да се иницира од опозицијата.
Меџите додаде дека доколку дојде до интерпелација, тогаш ќе се види дали тој блефира, или ќе гласа за разрешување на кој било министер.