Началникот на АРМ: Има потреба од враќање на воениот рок!

by fokus

Во вечерашното гостување на телевизија 21, началникот на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски рече дека дефинитивно има потреба од враќање на воениот рок во Македонија.

-Категорично ќе кажам да, има потреба. Знам дека на одредена популација можеби ова нема да им е популарна мерка. Има потреба од причина што 3 или 4 месеци служење на задолжителен воен рок, пример, за машката популација, доколку се воведе, не мора да стартува веднаш. Може првите година, две да бидат преодни, па да се започне од 2025 година на пример.
Зошто да не и женскиот пол, доброволно, да може да служи три месеци воен рок, рече Ѓурчиновски.

Поврзани новости