Ме застрашуваат бројките, но не сум за полициски час, вели Заев

by Fokus

Бројките на новозаразени од корона вирусот во Северна Македонија во изминатите неколку дена се навистина алармантни. Загрижен за тоа е и премиерот Заев, кој не е заинтересиран за полициски час, но верува дека ќе се донесат мерки за спречување на ширењето на вирусот.

„Ме застрашуваат бројките. Верувам дека секој го чувствува тоа. Треба да држиме дистанца, да носиме маска. Јас не сум поддржувач на затворање и полициски час, но сум поддржувач на се тоа тоа кое ќе помогнеме во спречување на ширење на заразата. Верувам ќе бидеме мудри“, истакна Заев.

Поврзани новости