474
Центарот за управување со кризи соопшти дека едно лице загинало на кров од вагон кај Демир Капија.
„Од Македонски железници известуваат дека од 17:15 часот поради тоа што на кровот на товарниот воз на релација Гевгелија – Табановце – Скопје на станицата во Демир Капија се качило лице, најверојатно емигрант, и по допир со инсталацијата која што е под напон дошло до негова смрт. На местото на несреќата се излезени екипи на МВР, Противпожарната бригада и Брза Помош’, соопшти ЦУК.
од ЦУК велат дека по завршување на увидот железничкиот сообраќај е пуштен во 20.05 часот.