Столтенберг: НАТО ќе и помогне на Украина да ја модернизира својата армија

by Fokus

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вети дека Алијансата ќе се заложи за понатамошна помош за модернизација на украинската армија на самитот што ќе се одржи во јули во главниот град на Литванија, Вилнус. Во изјавата објавена во германскиот весник „Тагесшпигел“, Столтенберг рече дека сојузниците на самитот ќе усвојат повеќегодишен пакет помош за да ја приближат Украина до стандардите на НАТО.

Тој рече дека НАТО ќе и помогне на украинската армија во транзицијата од армија заснована на стариот советски модел кон модерна сила која работи според стандардите на НАТО. Столтенберг рече дека по неколкумесечна воена обука за опрема на НАТО, Украина ја враќа својата територија окупирана од руските сили.

Столтенберг ја истакна важноста од континуирана поддршка за земјата, која е во дефанзива против агресорот Русија откако Москва почна целосна инвазија минатиот февруари.

Тој ги нагласи тешкотиите на контраофанзивата, вклучително и тешкиот терен и вградените руски одбранбени позиции, вклучувајќи мински полиња и тенкови замки. На самитот на 11 и 12 јули ќе се сретнат земјите-членки на НАТО. Се очекува тие да разговараат за продолжување на поддршката за Украина.

Поврзани новости