Бајден го нарече Кси Џинпинг диктатор, ден по разговорите во Пекинг

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден го нарече кинескиот претседател Кси Џинпинг диктатор. Тој ова го кажа на настан за  собирање средства во Калифорнија, објави Би-Би-Си.

Неговите забелешки доаѓаат еден ден откако американскиот државен секретар Антони Блинкен се сретна со Кси Џинпинг на разговори во Пекинг, чија цел беше да се намалат тензиите меѓу двете суперсили.

Кси Џинпинг рече дека е постигнат одреден напредок во Пекинг, додека Блинкен посочи дека двете страни се отворени за повеќе разговори.

Кина допрва треба да одговори на коментарите на Бајден.

Претседателот Бајден, на собирот за собирање средства што се одржа вчера вечер , рече дека Кси е засрамен поради неодамнешните тензии околу кинескиот шпионски балон што беше разнесен над САД.

„Причината поради која Кси Џинпинг се вознемири многу, во однос на тоа кога го соборив балонот со две кутии полни со шпионска опрема во него, беше дека тој не знаеше дека е таму“, рече Бајден.

„Тоа е голем срам за диктаторите. Кога не знаеја што се случило“, додаде Бајден.

Посетата на Блинкен на Пекинг – прва на врвен американски дипломат во речиси пет години – ја рестартираше комуникацијата на високо ниво меѓу двете земји. И Бајден и Кси го поздравија како добредојден развој. Но,  Блинкен јасно стави до знаење дека остануваат големи разлики меѓу двете земји.

Вашингтон и Пекинг долго време имаат разлики за низа прашања, вклучувајќи трговија, човекови права и Тајван.

Но, односите особено се влошија во изминатата година. Со оглед на тоа што изборите во САД се наѕираат и тензиите со Кина се појавуваат како политичко прашање. Некои републикански сенатори ја нападнаа администрацијата на Бајден дека е „мека“ кон Кина.

Поврзани новости