Маж во велешко село палел сува трева, па огнот го зафатил него и починал

by fokus

Синоќа околу 18.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во нива во село Мартолци, велешко, починат и со изгореници на телото бил пронајден 80-годишниот Ј.А. од истото село.

Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес,  посочи дека вчера околу 13.00 часот Ј.А. запалил исушената трева, но огнот го зафатил и него.

– Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Медицинскиот центар Велес, а увид извршила екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб, информира Додевски.

Поврзани новости