Минатата недела среде бел ден било мачено и силувано куче на кејот покрај Вардар, , од страната лице на возраст од 25- 30 години, кое по монструозното изживување врз кучето влегло во едно од куќите во Керамидница, реагиораат од здружението „Анима Мунди“.
Оттаму појаснуваат дека на монструозниот чин сведоци биле повеќе граѓани, кои седеле на клупите од страната на населбата Аеродром, по што веднаш повикале полиција, оставиле свои податоци, но полицијата одбила да влезе во куќата во која се скрил силувачот на кучето.
-Шокирани сме што се се случува во Македонија и што се е се толерира во нашето општество! Шокирани сме што монструми кои се закана за секого шетаат, немаат страв од никого и среде бел ден се изживуваат врз послабите, во случајот врз бездомно, младо куче, кое не можело да избега! Бесни сме што полицијата , иако им е пријавено нема доволен интерес или механизми да влезе и изврши претрес, вештачење, го приведе монструмот кој мачи и силува без око да му трепне што некој го видел, викал, го пријавил! Инсистираме да веднаш биде спроведена истрага и да овој психопат не излезе од затвор!, велат од Анима Мунди.
Адвокатскиот тим на здружението ги контактирало сведоците и бараат најстрога казна и правда за злоставуваното куче.
-Каква порака се пренесува на овие деликвенти и психопати, доколку не бидат најстрого санкционирани? Кој ги штити луѓето, децата, животните во нашето општество, колку сме безбедни кога социопат, сексуален манијак, зоофил, слободно шета и силува животни на кеј, пред очите на другите луѓе? Се изживува, ги присилува на дејствија кои не им се природни, со кои ги мачи, повредува, осакатува или убива?, реагираат од здружението.
Оттаму потсетуваат дека нерешен остана и ваков случај во Кочани, кога силувачот на кучињата бил десетина пати пријавен од локалното население.
-И овој насилник повторно слободно шета, собира кучиња , ги носи на напуштени локации за потоа да на животните им се губи секоја трага, а на местото остануваат искористени кондоми или мрши! Луѓе не контактираат во континуитет за тоа лице, распаметени од страв што меѓу нив слободно шета таков насилник. Тоа лице и таквите како него се опасност која демне и само чека погоден миг за нова жртва. Им може ли некој нешто на ваквите лица, кои слободно и без каков било надзор имаат отворени можности да продолжат да силуваат?, истакнуваат од Анима Мунди, од каде што ги повикуваат МВР, АХВ, општинските власти, да ги вложат сите напори да ги казнат овие насилници.