Ниту на ВМРО – ДПМНЕ, ниту на СДСМ не им е до избори

by fokus

Вчерашното препукување околу тоа кој прв да иницира распуштање на Собранието има повеќе пи-ар, отколку реален ефект, вели политологот Ненад Марковиќ во анализа на Дојче Веле, насловена „Проѕирен маневар на власта пред доаѓањето на Хан“.

„Да сакаат пратениците од обете страни, ќе го сторат без особено проблематизирање. Иако постојат уставно предвидени рокови, не сметам дека е проблем да се најде доволно креативно толкување, со цел да се „адаптираат“ правилата на одредена политичка реалност. Тоа кај нас е редовна практика, па нема особено да бидам изненаден ако историјата уште еднаш се повтори. Но, од она што вчера го видовме како размена на „прозивки“, имам впечаток дека на ниту една од страните не им се излегува на избори. Тоа е веројатно поради фактот што најголемите македонски партии немаат што особено да добијат. ВМРО-ДПМНЕ од една страна веројатно по изборите ќе се збогува со комотното мнозинство, а СДСМ има малку време да ја надомести разликата во рејтингот, која не е веќе така голема, но сепак постои. Од таа причина и двете партии всушност и немаат некоја особена мотивација да излезат на избори, иако ‘мачоистичкиот’ јазик кој го употребуваат навидум дава впечаток дека се заинтересирани и подготвени“, оценува Марковиќ.

Поврзани новости