(ФОТО) Го доеше бебето додека држеше говор во Собрание

by fokus

Исландската пратеничка Унур Бра Конрадсдотир додека држеше говор од собраниската говорница го доеше своето едномесечно бебе.

Пратеничката од десноориентираната Партија за независност за доењето кое беше пренесувано и на телевизија рече  најприродна работа на светот.

Таа додаде дека тоа воопшто не му пречело на бебето, напротив, ќе му пречело ако престанала да го дои додека зборувала.

Поврзани новости