Маж почина во тревник кај Железничка станица

by fokus

Возрасен маж пред половина час почина пред железничката станица во Скопје. Минувачи се обиделе да му помогнат и повикале Итна помош. Иако помошта стигнала веднаш, човекот веќе бил починат.

Од Брзата помош за МИА рекоа дека најверојатно се работи за масивен инфаркт. Во моментов полицијата врши увид на лице место.

Фото: МИА

Поврзани новости