Маж почина од студ во скопски Аеродром

by fokus

Бездомник на возраст од 68 години е првата жртва на студениот бран што ја зафати земјава. Тој утрово бил пронајден мртов во скопската населба Аеродром на улица „Бојмија”, а го пријавил неговиот пријател, исто така бездомник.

Случајот бил пријавен во полиција утрово околу 9.30 часот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по нардба на Јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција.  Се претпоставува дека бездомникот починал од студ, но точната причина за смртта треба да ја покаже обдукцијата

Поврзани новости