Груевски: Ќе пробам да составам влада, но не по секоја цена

by fokus 19:09
19:09

Откако албанските партии ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците, формираа платформа за заеднички влез во владата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски  излезе со ново интервју, овојпат во дневниот весник „Дневник”.  Тука, Груевски и не е така сигурен како ќе заврши трката за формирање на новата влада.

-Ако се оди по до­се­гаш­ни­те ус­та­но­ве­ни прин­ци­пи во Ма­ке­до­ни­ја, би тре­ба­ло да сос­та­вам вла­да. Ако се пре­кр­шат, се е мож­но – ве­ли Груевски во ин­тер­вју­то за „Днев­ник“, кое што ќе из­ле­зе во ут­реш­ни­от број на вес­ни­кот, а пренесе провладиниот Курир.

- Advertisements -

Груевски смета и дека во заедничката платформа на Албанците, прсти вмешал Џорџ Сорос, за да ги убеди да не коалицирааат со ВМРО-ДПМНЕ.

-Пов­тор­но таа ат­мос­фе­ра ка­ко и во ми­на­то­то и се­га се соз­да­ва од ме­ди­у­ми­те и ли­ца­та што во­дат или при­па­ѓа­ат или се со­ра­бот­ни­ци на НВО фи­нан­си­ра­ни од Ин­сти­ту­тот от­во­ре­но оп­ште­ство. Вме­шу­ва­ње­то на не­кои стран­ски по­ли­ти­ча­ри и дип­ло­ма­ти во при­каз­на­та е дел од ис­та­та опе­ра­ци­ја, во­де­на од еден цен­тар. Се­пак, од­лу­ка­та ќе би­де на­ша, на ДУИ и на дру­ги­те пар­тии, и ни­кој не­ма пра­во да ка­же де­ка не­кој друг му су­ге­ри­рал или му вр­шел при­ти­сок за­тоа што на кра­јот фи­нал­на­та од­лу­ка е на­ша – вели Груевски.

Тој вели оти го чувствува расположението кај албанските партии дека не сакаат да коалицираат со него, но вели дека ниту ДПМНЕ во минатото не сакала коалиција со ДУИ на пример, но се согласила бидејќи „ из­бо­ри­те покажале дека мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни Ал­бан­ци са­ка­ат ДУИ да е во вла­да­та.”.  Тука, порача дека доколку ДУИ овојпат му го сврти грбот, ќе возврати со иста мера.

-Ако ВМРО-ДПМНЕ ка­ко по­бед­нич­ка пар­ти­ја би­де изиг­ра­на од ДУИ, не­за­вис­но кои ќе би­дат при­чи­ни­те за тоа, би­де­те убе­де­ни де­ка нас­ко­ро, ВМРО-ДПМНЕ ќе се вра­ти на го­ле­ма вра­та во вла­да­та и тоа нај­мал­ку два ман­да­та по ред. И ќе би­де­ме без как­ва би­ло об­вр­ска при сос­та­ву­ва­ње­то на вла­да­та – вели Груевски.

 

Поврзани новости