Маж осомничен за пукањето во Париз познат на властите од претходно

by Fokus

Уапсениот во врска со пукањето во Париз им е познат на француските власти по претходен извршен напад на мигрантски камп.

Како што јави француската телевизија BFM TV, тој нападнал мигрантски камп пред една година.

Во пукотницата денеска во курдски културен центар во Париз две лица загинаа, а четворица се ранети, од кои двајца се во критична состојба. Осомничениот (69) е ранет и уапсен, а причината за пукањето се уште е нејасна.

Поврзани новости