Најтингејл потоа влегол во станбена зграда, еден блок подалеку, каде пукал во 46 годишен припадник на обезбедување кој седел на стои и 77 годишна жена која земала пошта, рекол Браун.
Припадникот на обезбедувањето е прогласен за мртов во болница, а постарате жена е хоспитализирана во критична состојба, известуваат локалните медиуми.
Најтингејл злосторството потоа го продолжил во друга зграда и киднапирал маж кој го познавал, влегле во автомобил а потоа отишол до продавница и пукал, усмртувајќи 20 годишник и ранувајќи 81 годишна жена во глава, рекол Браун.
Жената е исто така во критична состојба.
По излегувањето од продавницата, злосторникот пукал во 15 годишно девојче кое се возело во автомобил со својата мајка.
Девојчето е во критична состојба, соопшти полицијата.
Потоа тој се вратил во продавницата во која полицајци од Чикаго го истражувале претходното пукање и почнал да пука во полицајците.
Никој од полицајците не е повреден, рекол Браун.
Најтингејл потоа отишол на северната граница на Чикаго, каде влегол во продавница обидувајќи да ја ограби и таму пукал но не убил никого.
Потоа отишол на улица и влегол во ресторан каде пукал жена во глава, која исто така е во критична состојба.
Тој излегол од ресторанот, го обиколила полицијата на паргингот и дошло до размена на оган при што Најтингејл е увиен.