Влошена состојбата на Чедомир Јовановиќ, има пневмонија, негативен е на Ковид-19

by Fokus 20:38
20:38

Лидерот на Либерално-демократската партија, Чедомир Јовановиќ, има пневмонија, а по тестирањето утврдено е дека тој е негативен за коронавирус.

Според Блиц, пневмонијата на Јовановиќ била придружена со силна болка во градите и стомакот, што, како што рекоа во ЛДП, најверојатно било поврзано со тешката форма на коорнавирус којшто го имал во јули. Јовановиќ има постојан покачен притисок. Сè уште не е познато што предизвикува толку силна болка кај него и се следи неговата состојба.

- Advertisements -

Од ЛДП велат дека пневмонијата се проширила во дијафрагмата.

Притисокот му е зголемен, веројатно поради болката што ја трпи и тешко е се враќа на нормалните вредности, велат од партијата на Јовановиќ. Тој беше пренесен во болница откако му се слоши, а проблемите коишто ги имал наликувале на срцев удар.

Пред два дена Јовановиќ беше примен во болница поради пневмонија. Во јули 2020 година тој беше на Инфективната клиника во Белград поради инфекција со Ковид-19, од која успешно се опорави.

Поврзани новости