1K
Полициска станица Штип синоќа пред полноќ примила телефонска пријава дека на крстосницата меѓу улиците “Сутјеска“ и “Сремски Фронт” во Штип непознато машко лице во рацете држело сообраќаен знак, со кој мавтал кон возилата што се движеле на крстосницата.
Како што информираа од МВР, полициски службеници излегле на местото на настанот при што констатирано е дека се работи за лицето Б.Х.(37) од Штип кој претходно оштетил сообраќаен знак и со истиот мавтал кон возилата.
„Поради видно растројство, лицето со возило на Итна медицинска помош Штип е пренесено во психијатрискиот оддел на Клиничката болница во Штип“, велат од полицијата.