Штип постхумно ќе го одликува Киро Глигоров со Орденот Св. Никола

by fokus

Орденот Св. Никола Општина Штип оваа година ќе му го додели постхумно на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, соопшти денеска градоначалникот, Благој Бочварски. На овој начин Општината ќе го одбележи празникот Свети Никола.

Како што рече Бочварски, Киро Глигоров е историска фигура со огромни заслуги, за кои што, рече „што и да направиме, ќе биде малку за да му се оддолжиме и заблагодариме.“

„Како негови сограѓани, имаме должност да ги зачуваме од заборав неговите големи достигнувања, да покажеме доблест и капацитет да му го обезбедиме вистинското место во историјата на нашата земја. Мораме активно да работиме на одржување на споменот на патриотизмот, храброста, мудроста и решителноста на човекот со највпечатливата биографија во современата македонска историја“, изјави градоначалникот.

Општината денеска ги објави и имињата на добитниците на признанијата 19 Декември

Носители на признанието 19 Декември за 2017 година се: Наташа Петровиќ, Сања Арсовска, Бобан Николов и Трајан Ангелов. Станува збор за наши сограѓани со особени и вонредни достигнувања во нивните професионални области.

Поврзани новости