Куче искаса маж во Сопиште

by fokus 12:12
12:12

Триесет и четиригодишен скопјанец пријавил во полиција дека го нападнало куче Сопиште, при што се здобил со рана во десната потколеница.

Според информациите на МВР, вчера А.А. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13,30 часот на улица Христо Татарчев  во  близина  на зградата на општина Сопиште, бил каснат од страна на куче скитник во пределот на десната потколеница.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Ова е уште еден од низата инциденти со напади на кучиња во Скопје, откако ротвајлер кој имал сопственик повреди девет лица во населбата Ново Лисиче.

 

Поврзани новости