Масовните убиства на цивили во Газа пред очите на светот мора веднаш да престанат, порача Ердоган

by Fokus

Масовните убиства на цивили во Појасот Газа пред очите на светската заедница мора веднаш да се запрат, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, цитиран од Anadolu Agency.

„Наша должност е да ги спасиме нашите палестински браќа од израелското угнетување и да ги запреме масовните убиства што се вршат во Појасот Газа пред очите на светот“, рече турскиот лидер за време на говорот во областа Ризе.

Тој изјави дека Турција ќе продолжи да ги прави сите неопходни напори за помош на цивилното население во палестинската енклава. „Никогаш нема да ги оставиме нашите браќа во Газа без покрив над главата, без помош и сами“, рече Ердоган.

„Наша должност кон историјата е да ги разоткриеме злосторствата на оние кои ги поддржуваат извршителите на неморалниот, несовесниот и одвратниот масакр во Појасот Газа“, порача тој.

Поврзани новости