Масло од канабис: како дејствува и што може да излечи?

by Fokus

Во јавноста провејуваат многу прашања за лекувањето со масло од канабис, па во овој број се обидуваме да одговориме на дел од нив.Познати ни се позитивни искуства на заболени од најчесто смртоносна болест, на кои состојбата значајно им е подобрена, прогресирањето на болеста е запрено или забавено, симптомите се ублажени, некои се дури и се излекувани, земајќи покрај конвенционалната терапија и канабис.

 Кажете ни нешто повеќе за производите на Реплек Фарм ДООЕЛ, кои содржат природен екстракт од канабис и кои деновиве се пуштени во промет во Р. Македонија.

Како што споменавте, деновиве, Реплек Фарм ДООЕЛ го направи првиот крупен чекор. На пазарот се пуштени два производа кои содржат екстракт од канабис, во форма на 5% КАНОИЛ масло кое содржи 500 mg CBD (cannabidiol)/ во пакување од 10 ml и 7% КАНОИЛ масло кое содржи 700 mg CBD (cannabidiol)/ во пакување од 10 ml. На овој чекор претходеа повеќегодишни истражувања на ниво на компанијата, следење на релевантна стручна литература и научни сознанија, како и искуства на земјите во светот каде што конопот е веќе подолго во легална употреба во медицински цели.

КАНОИЛ 5% и 7% CBD маслата се природни маслени екстракти добиени со ладна постапка на екстракција со јаглерод диоксид на различни делови од растението канабис или коноп. Маслениот екстракт e со докажано отсуство на пестициди и хербициди во производот.

КАНОИЛ 5% и 7% CBD маслата од коноп содржат канабиноиди, примарно CBD (Cannabidiol), CBN (Cannabinol), CBG (Cannabigerol)  и нивни карбоксилирани соединенија.

Интересен податок е дека човековиот организам содржи ендоканабиноидни рецептори, што значи дека ги препознава и ги прифаќа канабиноидните соединенија. Имуномодулаторен ефект на канабиноидите се одвива преку нивното врзување со CB1 и CB2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем, на кој начин се подобрува имунолошкиот систем.

КАНОИЛ 5% и 7% CBD маслата од канабис содржат терпени, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9 во најдобар биолошки сооднос), флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, витамини (А, B1, B2, B6, C, D, Е, Фолна иц F), пигменти, алкани, азотни соединенија кои се важни  во изградба на клетките, метаболните процеси, одржување на функцијата на многу системи и целосно подобрување на општата психо-физичка здравствена состојба.

Бидејки екстракцијата се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи, обезбеден е највисок квалитет на маслениот екстракт, без присуство на резидуални растворувачи, а со одржан состав на есенцијалното масло, кое, покрај канабиноидите, содржи и други драгоцени биоактивни фитокомпоненти.

 КАНОИЛ 5% и 7% CBD маслата од коноп содржи THC (9-delta tetrahydocannabinol) под 0,2%, што ги категоризира во гранични производи, кои се издаваат без лекарски рецепт.

Кои се позитивните ефекти на маслата од канабис?

Овие производи се наменети како за превентивни цели, така и за  лечебни цели, безбедни се за употреба и може само позитивно да влијаат врз психо-физичката состојба на човековиот организам.

Позитивни ефекти при употреба на КАНОИЛ 5% и 7% CBD маслата од коноп се манифестираат при состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија и  мускулни спазми, бидејќи дејствуваат неуропротективно.

Се користат против гадење и повраќање, особено за време на  хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања, за што се одговорни канабиноидите CBD и CBDa и помагаат во одржување на балансот на цревната флора;

Ублажуваат состојби на болка од различно потекло порaди изразеното противвоспалителното и аналгезично дејство.

Може да се користат за превенција од кардиоваскуларни болести – дејствуваат вазорелаксантно и помагаат при регулирањето на крвниот притисок, ја подобруваат работата на срцето, дејствуваат кардиопротективно и анти-исхемично, може да помогнат во регулирањето на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта, може да помогнат во регулирањето на покачената концентрација на гликоза во крвта.

Маслениот екстракт од канабисот може да помогне при состојби со малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детската возраст.

Битно е да се напомене дека КАНОИЛ 5 % и 7% CBD маслата од коноп не претставуваат замена за стандардната пропишана терапија за сите горенаведени болести, а посебно не се замена за стандардната терапија при горенаведените заболувања.

 Може ли да ни кажете нешто накусо за ботаничките карактеристики на растението

Канабисот е едногодишно растение, а најраспространети вариатети од родот Cannabis се: Cannabis Sativa, Indica и Ruderalis.

Канабисот како растение има над 400 фитокомпоненти, од кои минимум 60 се канабиноиди, како и терпени флавоноиди, фитостероли, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9) во најдобар здравствен сооднос, аминокиселини, азотни соединенија, гликозиди, витамини (А, B1, B2, B6, C, D, Е, Фолна киселина), пигменти, алкани, азотни соединенија и други компоненти, кои се распоредени во различни делови од растението. Тоа прави да сите делови од растението се употребуваат во различни цели.

Присуството на CBD, CBN, CBG, THC и останатите канабиноди присутни во значително пониски количества, заедно со терпените и флавоноидите е особено значајно поради нивното синергистичко дејствување и со останатите биолошки вредни компоненти во канабисот, што го прават маслото од канабис исклучително корисно во превенцијата и лекувањето на многу болести и состојби на човековиот организам.

Маслениот екстракт од канабис најчесто се стандардизира и се декларира во однос на содржината на CBD поради нeговата повисока концентрација во однос на другите присутни непсихотропни канабиноиди. Секако дека особен акцент се дава и на присуството на THC како психотропен канабиноид, односно овие два канабиноиди се избрани како маркери за квалитетот и јачината на екстрактот, што никако не значи дека тоа се единствените активни состојки на маслото од канабис.

Дали малигните болести беа најчестата причина за нелегалната набавка на производите од канабис? 

За жал, тенденцијата на пораст на малигните болести е застрашувачка.

Многу често, покрај целокупниот конвенционален медицински третман на лекување, болеста напредува кон терминална фаза од која нема враќање.

А само по себе се наметнува прашањето, што со болните кои не можат да ја издржат пропишаната хемотерапија или зрачна терапија, поради нејзините изразени несакани дејства, дали тоа значи дека треба да се откажат од неа, свесни што значи тоа откажување, кога таа им е пропишана како единствена можност да им го спаси животот, и покрај сите негативни последици што ги носи тоа лекување?

Ефектите на канабисот против гадење и повраќање, особено очекувано за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања, за што се главно одговорни канабиноидите CBD и CBDa може значајно да му помогнат на пациентот да може да ја издржи ваквата пропишана терапија.

Познато ни е на сите дека дел од пациентите поради неможност да ги издржат овие симптоми, ја престануваат терапијата која им била единствената надеж, со тоа свесно ризикувајќи си го животот.

Едновремено, мачниот период по хемотерапијата и губитокот на апетитот, кој крајно го исцрпува болниот, може значително да биде редуциран со производите од канабис, што е и тоа како битен момент во лекувањето.

Па, и најголемите скептици во однос на лечебноста на канабисот прифаќаат конвенционалната медицинска терапија пропишана од докторот да биде тоа што го лекува болниот, а канабисот нека помогне болниот да може да го издржи тоа лекување, да му ја подобри психичката состојба, да му ја намали болката и да му го зголеми апетитот.

Познати ни се позитивни искуства на заболени од најчесто смртоносна болест, на кои состојбата значајно им е подобрена, прогресирањето на болеста е запрено или забавено, симптомите се ублажени, некои се дури и се излекувани, земајќи покрај конвенционалната терапија и канабис. Во оваа ситуација, небитно е за пациентот и за неговите блиски, што е тоа што реално ја победило болеста.

 

Поврзани новости