Партиите ќе ги усогласуваат законските измени за владата, медиумите и МВР

by fokus

Четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска ќе имаат нова средба на која ќе треба да ги усогласат законските измени кои претходно ги договорија при последниот анекс на Пржинскиот договор.

Работните групи на партиите ќе се треба да ги усогласат измените во законите за влада, за медиумите, како и за Министерството за внатрешни работи.

Потоа овие законски измени ќе треба да бидат изгласани во Собранието. Се очекува работните групи да се сретнат попладне.

Поврзани новости