И членовите на ДИК на работна средба

by fokus

Членовите на ДИК во текот на денешниот ден ќе одржат работна средба на која треба да донесат одлука кога ќе биде објавен список на оние 39.502 гласачи кои ќе треба сами да се пријават ако сакаат да го задржат гласачкото право. Најверојатно ќе се одлучи тоа да се случи најдоцна до утре.

Освен објавувањето на списокот, на денешниот дневен ред на ДИК ќе бидат и дел од правилниците што се неопходни за спроведување на постапките за проверка на овие гласачи, што беше предвидено во последните измени на Изборниот законик.

Оние гласачи кои ќе се најдат на спидокот на спорните 39.502 гласачи, ќе имаат 25 дена да се пријават во ДИК лично или електронски.

Поврзани новости